понеделник, 21 септември, 2020

Познат е човекот што запали две возила на ЕВН во Тетово

Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила.

Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола” и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.

Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

Познато е лицето што ја извршило акцијата, станува збор за 43-годишник, кој е уапсен од полицијата.

На улица ‘Ленин’ во врска кривично дело предизвикување на општа опасност од слобода е лишено лицето К.О. (43) од Тетово. Истиот е задржан во полициска станица за натамошна постапка”, велат од МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!