понеделник, 21 септември, 2020

Како последица од корона вирусот – почина градоначалник на најголемиот град во Венецуела

Според пишувањата на локалните медиуми, градоначалникот на Каракас, Дарио Вивас почина од последици од новиот коронавирус, објави на Твитер венецуелскиот обвинител Тарек Вилијам Саб.

– Многу ни е жал што замина нашиот добар пријател и посветен револуционер Дарио Вивас, со кој се боревме на улиците на Каракас од 80-тите години да го одбраниме нашиот народ и нашата земја, напиша Саб на Твитер.

Блискиот пријател на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, 70-годишниот Вивас уште на 19 јули објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој е првиот висок венецуелски претставник кој почина од последици со новиот коронавирус.

Во Венецуела со Ковид-19 се инфицирани 29.088 лица од кои починале 247

Коментари

коментари

error: Content is protected !!