недела, 20 септември, 2020

Воз се заби во цитроен – страотна несреќа близу Тетово

Нешто по 18 часот возот што сообраќал на релација Скопје-Кичево, на влезот во Тетово удрил во Автомобил марка “Цитроен“ со тетовски таблички, дознава Centar.mk.

Неофицијално порталот centar.mk дознава дека двајца се повредени и со болнички возила се пренесени во Болницата во Тетово.

Ќе се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот

ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од утре ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово.

Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!