понеделник, 21 септември, 2020

8.000 слики и видеа со детска поpнoгpафиja имале браќа од Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен акт против двајца браќа на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот се товари за продолжено кривично дело прикажување порнографски материјал на дете, додека двајцата како соизвршители сториле и кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според извештајот објавен од ОЈО, првиот обвинет, во периодот од јули до септември 2016 година злоупотребил девојче кое тогаш било на возраст од 13 години, за изработување на аудиовизуелни слики со порнографска содржина. Преку фејсбук профил со друго име тој во повеќе наврати комуницирал со девојчето, од ИП-адреси физички лоцирани во Нов Јужен Велс, Австралија, каде обвинетиот престојувал од 30.03.2016 година. Притоа ја убедил оштетената, за која знаел дека е малолетна и нема навршено 14 години, да направи интимни видео клипови со порнографска содржина. Клиповите оштетената му ги испратила на обвинетиот, а во зимата 2017 година тој овие видеа со детска порнографија ги прикажал на друго дете кое не наполнило 14 години, испраќајќи ги од истиот фејсбук профил во порака на втората оштетена.

Во периодот меѓу 09.09.2010 година и 30.03.2016 година, во Битола, обвинетите браќа, како соизвршители, преку компјутерски систем набавиле и поседувале над 8000 слики и видеа со содржина на детска порнографија, сочувани на хард диск и ДВД-а кои биле пронајдени и одземени при претрес на нивната куќа. Фотографии со детска порнографија биле пронајдени и при проверка на нивните мобилни телефони.

Еден од обвинетите во текот на истражната постапка подолго време беше недостапен за органите на прогонот, па неговото присуство беше обезбедено во постапка за екстрадиција со помош на Интерпол и надлежните органи на Република Грција. Дел од доказите во прилог на обвинителниот акт беа обезбедени преку инструментите на меѓународна правна помош од Австралија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, кој се наоѓа во притвор откако беше лишен од слобода во Република Грција и екстрадиран во земјава. Како основ за продолжување на притворот се наведува опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повтори делото кое му се става на товар.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!