недела, 20 септември, 2020

Се откриваат имиња од идната Влада – ДУИ не го добива премиерското место, но затоа го добива МВР и Правда?

Политичките партии веќе разговараат за создавање на парламентарно мнозинство. Покрај за усогласување на изборната програма се преговара и за евентуалните имиња во ресорите што тие ќе ги водат.

Бидејќи наголемо се шпекулира дека владејачката коалиција ќе ја сочинуваат СДСМ, ДУИ, Движењето Беса и ДПА, новинската агенција Журнал, неофицијално ги дознава имињата на оние за кои се разговара да седнат на функцијата министер.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за време на кампањата изјави дека новата влада нема да има министри без ресор, така што владиниот кабинет ќе го сочинуваат премиерот, 4 вицепремиери и 16 министри.

Според неофицијални извори, иако имињата ќе се менуваат секој ден до конечниот договор, процесот на евроинтеграција и понатаму ќе го води ДУИ, а се очекува Арбр Адеми да седне на оваа функција.

ДУИ ќе го превземе и МВР, така што името кое најмногу се споменува за оваа министерство е Блерим Беџети, додека за Министерството за правда се споменува името на Фатон Ахмети, кој е кадар од Тетово.

Ова, според албанските медиуми во земјава е можниот владин кабинет:

Премиер Насер Зибери, вицепремиери Мила Царовска, Адеми, Касами и Тачи.

Министер за надворешни работи Едмонд Адеми, министер за внатрешни работи Блерим Беџети, министер за правда Фатон Ахмети, министерот за финансии Фатмир Битиќи, министерот за економија Насер Нуредини, министерот за транспорт Крешник Бектеши, министер за одбрана Драган Николиќ.

Извор: infoshqip

Коментари

коментари

error: Content is protected !!