понеделник, 21 септември, 2020

Охрид им бил скап: Епа другари пијте си пивце и кревајте столици на Плоштадот во Скопје

Деновиве се изнаслушавме критики за Охриѓани. Ова све што е отидено у Охрид од страна се жали и кука дека Охрид бил скап. Паркинзите биле скапи, пијачките биле скапи, сместувањето било скапо, кафето било скапо, коктелите им биле скапи. Се! Од друга страна сакаат нормални услови за сместување за 300 денари, нешто што го нема ниту по селата кои се познати како туристички места.

Најголеми фраери се овие од Скопје, кои цените во градот ги направија чиниш во Дубаи си, издаваат обични станови со огромни суми во кои има мебел од 90-тите, ама као демек ради јаката локација мораш да си платиш и да бидеш задоволен со тоа. Да не збориме за паркинзите. И сеа истиве овие кукаат и плачаат дека во Охрид е скапо, ама затоа радо би ги дале парите на пријателите од Грчка, каде што се максимално задоволни и од услуга и од цени. Тоа е она кога не знаеме да си го почитуваме нашето. Од друга страна не покажуваат никаков сенс за градот, Доаѓаат фрлаат кај што ќе стигнат, го загадуваат езерото во кои и самите тие се бањаат, урлаат, креваат столици у сред пандемија, чиниш не биле на журка во живот..

За да не биде дека зборам напамет во продолжение фотки објавени од дечко кој секое утро оди дома по истава релација која од ден во ден носи со себе погрда и полоша слика.

На ваков примитивизам фали домашно воспитание, социјализација, а дури се деси тоа- ќе се уништи нашиот град и природата во истиот, пишува едно паметно младо момче од Охрид. И во право е! Наместо да кукате, да плачете за цените и сето она што ви е понудено, потрудете се да си ја испочитувате сопствената држава, онаа за кое име не дававте, онаа за која се удирате во гради дека ја сакате најмногу од се, онаа во која Вие живеете во нејзиниот главен град кој треба да биде центарот на културата во државата, од кој треба да учиме и ние Охриѓани. Но за жал не, тоа не е случај и кај нас.

Велат скапа била рибата. Да скапа е. Но скапа е ако ја јадете покрај охридско езеро, овде плаќаш и локација за да уживаш во погледот, воздухот, услугата итн итн… не можете да очекувате иста цена на риба во Охрид и во Кичево или во Капиштец. Не иде тоа така другари. Има разлика од место до место, има разлика од цена до цена. Исто како што во Скопје како главен град е поскап од другиве градови кои важат за туристички места, како што е на пример Берово, исто така Охрид, како најубав град со најубаво езеро е нормално да има повисоки цени од вашите.

А кога сме кај културата – да ве прашам дали вака фрлате и по дома, и по вашето сакано Скопје исто како што фрлате овде кај нас? Вие ги терате луѓето да не бидете посакувани и да бидат иритирани што воопшто ве примиле како гости во нивниот град. Сметот по градот е расфрлан насегде. Нема место во градот каде што секое утро екипите работат за да биде чист. Работат поради вас и вашата неодговорност. Работат како црнци. Ги собираат вашите шишиња, вашите хартии од храна, пикавци итн итн… Срамота!

Мораме да тргнеме од себе ако сакаме почиста држава. Почисто Скопје, почист Охрид, луѓе со поголема свест и одговорност за себе и околината во која живеат, културни и урбани ликови! Само така ќе придонесеме за нашата Македонија да биде едно поубаво место за живеење. До тогаш имаме уште многу да учиме..

Фејсбук статус на Александар П.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!