недела, 20 септември, 2020

Короната не си оди, напротив – ДЕНЕС еден од најлошите денови

Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје 65 – Куманово 14 – Дебар 6 – Штип 21 – Прилеп 3 – Тетово 12 – Струга 5 – Велес 12 – Битола 7 – Охрид 4 – Кавадарци 7 – Гостивар 14 – Струмица 1 – Крива Паланка 1 – Радовиш 4 – Кочани 5 – Пробиштип 3 – Демир Хисар 2 – Македонски Брод 4 – Свети Николе 3 – Кичево 6 – Неготино 1

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од:

Велес 2 – Битола 6 – Демир Хисар 1 – Македонски Брод 1 – Кичево 3 – Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!