понеделник, 21 септември, 2020

Немало никакви други болести – Седумгодишно момче почина од корона вирусот во САД

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава Џорџија од почетокот на пандемијата на коронавирус. Малиот Афроамериканец немал други здравствени проблеми.

Веста за неговата смрт дојде во време кога владата расправа низ целата земја за учебната година и за ризикот од инфекција или ширење на коронавирусот со кој се соочуваат децата. Во извештајот не е наведено каде или кога детето се заразило.

Претходно, најмладиот случај на коронавирус во Џорџија беше регистриран кај 17-годишен Афроамериканец во округот Фултон кој имал други здравствени проблеми покрај Ковид-19.

Според податоците на таа држава, повеќе од 30 лица кои имаат околу 20 години починале од вирусот.

Во Џорџија, според последните податоци, од вирусот починале над 4.000 луѓе, а потврдени се и повеќе од 200.000 случаи на инфекција.

Северна Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот

Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД.

Исто како и голем дел од земјите во светот, Северна Македонија е ставена во третиот степен пропорака, кој што советува „размислете дали да патувате“.

Како што е наведено на веб-сајтот за конзуларни работи на американскиот Стејт депаратмент, нашата земја ги укинала наредбите да се остане дома и делумно го обновила транспортот и бизнис активностите.

Од надворешно-политичкиот орган на САД советуваат да се следат предупредувањата на државните Центри за контрола на заболувањата и профилактика (ЦДЦ), кои, сепак, имаат издадено „трет здравствен степен за патување“ или највисоко предупредување за воздржаност да се патува во Северна Македонија, освен за итни случаи.

Од ЦДЦ наведуваат дека ризикот од Ковид-19 во земјата се уште е голем.

Засега, само две земји, Тајван и Макао, се наоѓаат во првиот степен со препорака „да се патува со вообичаена претпазливост“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!