понеделник, 21 септември, 2020

(ФОТО) Овие две лица се пријавија да ја срушат дивоградбата кај Мавровка – нивната професија е новинарство

Двајца новинари на социјалните мрежи се пријавија да ја рушат дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, откако пропадна тендерот распишан од Општина Чаир, а на кој ниту една фирма не се јави да ја урне дивоградбата. Поради тоа општината вчера објави нов, кој истекува за седум дена.

Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, па новинарите почнаа доброволно да се пријавуваат за рушење на дивоградбата.

Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка, напиша Дарко Чекеровски.

Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Чекеровски и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

Чаир со нов тендер ќе се обиде да најде уривач на дивоградбите – претходниот оглас пропадна

Откако не си пријави ниту една фирма на тендерот за рушењето на дивоградбата кај Мавровка голема 330 метри квадратни, општината Чаир најверојатна уште денес ќе објави нов повик со истите услови.

Засега е нејасно што ќе се случи доколку повторно не се пријави ниту една фирма за рушење на дивоградбата, кој преку ноќ, без дозвола и знаење на надлежните се појави на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар.

Надлежните се уште не го објавуваат ни името на мистериозниот инвеститор кој им пркоси на законите и системот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!