понеделник, 21 септември, 2020

Девојки, знаевте ли дека и мажите плачат

Жените немаат проблем да заплачат во дел од секунда, каде било и кога било. Тоа знаеме. Но мажите се тие кои редовно се обидуваат да го неметнат мислењето дека плачењето ги прави помалки мажи и емотивно осакатени, што е апсолутна невистина бидејќи плачењето е човечка карактеристика. Кога мажите плачат, во кои ситуации и зошто? На ова прашање списанието Космополитен пренесува дирекни одговори од мажи. Еве ги во продолжение.

“За да заплачам треба да изгубам драга личност во животот. Неодамна плачев кога девојката со која бев во врска четири години ми раскина, а потоа плачев повторно кога кучето, кое беше дел од мојот живот 15 години, почина” -Адам,24.

“Ова е трик прашање. Ние мажите не плачеме, но ако заплачеме тоа би било на некој спортски филм како Rudy. Ама ова е чиста хипотетичка ситуација” – Брендон, 27

“Па, не сум плачел речиси 10 години. Последниот пат плачев кога ми умре кучето. Од тогаш не сум изгубил друг миленик или член на фамилија за да плачам. Низ годиниве, за малку ќе сум заплачел на филмови каде што умира кучето” – Грег, 24

“Знаете, оние документарци на ESPN каде што има инспиративни приказни на спортисти кои доживеале трагедија, навистина допираат до мене “– Мајкл, 27

“За мене плачењето е поврзано со физичка болка. Пред две години истегнав лигаменти во коленото и многу плачев. Плачев и кога изгубив пријател во сообраќајна несреќа. Срцето ми било скрешено од многу девојки, но за ниту една не сум плачел” – Жоакин, 24

“Едниствениот пат кога сум плачел беше неодамна, кога имав потрес на мозокот, не можев да ги завршам обврските. И плачев на погребот на баба ми” – Џек, 25

“Освен ако смрт на член на семејството не е во прашање не плачам често. Можам да заплачам ако не ги исполнам сопствените очекувања на пример” – Кајл, 22

“Јас сум тип на човек кој тагата ја маскира со насмевка и енергија пред другите. Но искрено, плачам и тоа често” – Кристијан, 26

Мажи… Mораш да ги сакаш заради ваквите одговори, нели?

Коментари

коментари

error: Content is protected !!