недела, 20 септември, 2020

Јована веќе 22 дена има треска, а ПЦР-тестот двапати е негативен: Еве како е можно тоа

Лекарите и’ објасниле дека таа не е првиот случај на коронавирус со повеќе негативни PCR тестови.

Страдањето со коронавирусот, на 32-годишната Јована Ј. од Белград, започна пред 22 дена, тврдејќи дека ниту еден вирус не ја заобиколува, таа не беше изненадена кога во средината на јули доби температура од 37,5.

Бидејќи таа се видела само со својата пријателка 4 дена пред тоа, која тогаш и кажала дека има коронавирус, веднаш отишла да направи тест.

-Живеам во семејна куќа, но горниот кат е мој, затоа веднаш се изолирав. Резултатите пристигнаа после 4 дена и на мое изненадување тие беа негативни. Некој друг би бил среќен, но не и јас, затоа што во тој момент сè уште имав температура што се јавуваше исклучиво после 18 часот – вели Јована во интервју за „Телеграф“.

Јована истакнува дека „ѓаволот не и’ дал мир“, па таа веднаш отишла во приватна клиника каде направиле лабораториски тестови на крвта и ги снимила белите дробови. Сè беше во најдобар ред, а превентивно ми беше дадено хемомицин – вели таа.

-Не можам да ви го опишам ова чудно чувство. Температурата започнува секоја вечер после 18 часот кога ќе ја завршам работата што, за среќа, ја правам од дома. Понекогаш само ме изморува, а понекогаш освен врел здив, дури и не би знаела дека имам темература. Никогаш не го изгубив чувството за мирис.

Јована потоа продолжила да прави понатамошни анализи од страв дека е нешто друго што ја предизвикува температурата. Сепак, сè било негативно.

Фото: Илустрација

-Кога температурата не се спушти дури и по 10 дена, отидов да направам уште еден тест. Замислете, повторно бев негативна.

Таа исто така сменила многу лекари, барајќи вистинско мислење, сè додека не чукнала на вистинската врата. Тогаш инфектологот и’ рекол дека тоа е дефинитивно Ковид-19.

-Тој ми рече дека имам многу мала количина на вирусот во мене, затоа тестот не може да го открие коронавирусот, но и дека имам среќа затоа што навистина имам најблаги симптоми. Единствениот проблем е што тие се упорни и дека сум ментално исцрпена од сè. Јас навистина сонувам кога еден ден термометарот нема да покаже дека имам температура – истакнува таа.

Денес е 22-ри ден од кога Јована има треска, а докторката и’ рекла дека не станува збор за изолиран случај и дека има пациенти кои имаат вакви благи симптоми по пет недели.

-Иако ми рече дека е можно да не сум веќе заразена, но јас сум дома веќе 22 дена, а моите ми ја оставаат храната пред мојата врата. Во текот на денот се чувствувам навистина добро – работам, правам домашни работи, а навечер сум слаба и исцрпена. Се надевам дека тоа нема да трае долго – заклучи Јована во разговорот за Телеграф.рс.

Извор: Женски Магазин

Коментари

коментари

error: Content is protected !!