понеделник, 21 септември, 2020

70 годишниот милијардер раскинал со 20 годишната девојка, а сега е во врска

Поранешниот шеф на „Renault“ во Формула 1, Флавио Бриаторе, кој на својата банкарска сметка има милиони, повторно е во врска со млада убавица.

Изгледа дека овој 70-годишник сериозно ја сфатил изреката ‘помладото е послатко’, па во последно време го интересираат само дами во 20-те години.

Откако прекинал со 20-годишната студентка по право, Бенадета Боси, љубовта повторно ја пронашол со Марија Лудивика Кампана, која има 24 години.

Марија дипломирала за моден дизајн во Милано и покренала свој бренд за костими за капење. На Инстаграм, каде има 35.000 следбеници, редовно објавува жешки фотографии во бикини.

Бриаторе и Кампана се запознале на вечера во летувалиштето „Porto Cervo“ на север од Сардинија и наводно веднаш се заљубиле еден во друг. Подоцна се видени и како уживаат на неговата луксузна јахта.

Пред Марија и Бенадете, Бриаторе бил и со познатите манекенки Наоми Кембл и Хајди Клум, со која има 15-годишна ќерка.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!