среда, 1 декември, 2021

Прекината потрагата по телото на удавеното момче во Претор

По речиси 24 часа, вечерва е прекината потрагата по телото на удавеното 16 – годишно момче во Претор.

Потрагата е прекината поради влошените временски услови со бранови и ветар, а ќе продолжи утре наутро, соопштуваат спасувачите.

Нуркачките екипи од Охрид цел ден трагаа по телото на 16- годишното момче од Ресен што вчера попладне се удави во Претор .

,,Во 18,18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби, соопштуваат официјално од МВР.

Според очевидците , до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!