понеделник, 18 октомври, 2021

Докторот со статус „право во целта“: Во скафандер и на 35°c ќе треба да прегледувам „прехладени“ деца

Докторот Ненад Лазаров уште еднаш со вистински зборови ја опиша последната случка од Охрид, каде на видеа се гледа како млади се забавуваат подеднакво исто како и кога немаше пандемија од корона вирус. Не се почитуваат мерките и се загрозуваат многу човечки животи.

По тој повод, Лазаров напиша статус со кој буквално погоди во целта.

И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам “прехладени” тинејџери што биле на викенд во Охрид, а што ќе ми ги носат загрижени мајки заради 37.1 температура?

И да, ќе има има реконвалесценти од акутни алкохолни интоксикации а не стомачни вируси и тровања со храна, без блефирање.

Не се прехладени “децата”, “пресисани” се!

Каков примитивизам видов од млади луѓе, само нагони ги водат, со чесни исклучоци…

Напрајте и по некој тест на урина, не се пие толку алкохол “на голо”, премногу пари им давате очигледно.

Bad parenting викаат Енглезите, си ги гледате ли како ви се облечени децата воопшто, ако ништо друго?

После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители, зошто така е полесно!

Па и ја што сум бил у таверна со жена и дете ќе ви бидам крив, само вие не.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!