Решете го овој тест и дознајте колку сте навистина стари

Можеби имате триесет години, но вашиот организам е стар 45 години, решете го овој тест и дознајте колку навистина сте стари, пренесува Слободен Печат

На годините кои ги имате, додадете ги бројките во согласност со одговорите на следните прашања:

Со колку пријатели ги делите вашите проблеми?

Никому не се доверувам (додадете една година)

Од еден до тројца пријатели (одземете половина година)

Четири и повеќе пријатели (одземете една година)

Колку бакнежи и прегратки добивате неделно?

Ниеден (додадете една година)

Од еден до три (одземете половина година)

Четири и повеќе (одземете една година)

Можете ли да си ги допрете прстите на нозете, а да не ги свиткате колениците?

Без проблем (одземете една година)

Ако се напрегнам (нема промени)

Милиметри се во прашање (додадете половина година)

Ми недостигаат 3-5 см (додадете една година)

Не сум ни близу (додадете две години)

Какво ви е телото?

Обезно (додадете три години)

Видливо пополнето (додадете две години)

Околу 5 килограми повеќе (додадете една година)

Совршено за мојата висина (одземете година ипол)

Витко (одземете една година)

Колкав ви е стомакот?

Прилично голем (додадете една година)

Благо заоблен (додадете половина година)

Речиси рамен (нема промени)

Рамен (одземете половина години)

Колку често чуствувате силен недостаток на енергија?

Секојдевно (додадете две години)

Секојдневно, но само после ручек (додадете година ипол)

Понекогаш (додадете половина година)

Никогаш (одземете една година)

Дали сте пушач?

Не, никогаш не сум пушел/а (одземете три години)

Ги оставив цигарите пред повеќе од пет години (одземете две години)

Ги оставив пред три -четири години (одземете една година)

Ги оставив пред една -две години (нема промени)

Пушач сум (додадете три години)

Колку алкохол сте испиле во последната година?

Три пијалаци или помалку (нема промени)

Четири пијалаци (додадете половина година)

Пет пијалаци (додадете една година)

Над пет пијалаци (додадете година ипол)

Дали имате многу пломби и дали ви крварат непцата?

Имам крварење и имам над 11 пломби (додадете година ипол)

Четири до десет пломби (додадете една година)

Една до три пломби (додадете половина година)

Не (нема промени)

Дали пиете газирани сокови?

Никогаш (одземете една година)

Една до три чаши неделно (додадете половина година)

Четири до шест чаши неделно (додадете една година)

Над седум чаши неделно (додадете две години)

Дали јадете готова и конзервирана храна?

Сите оброци (додадете три години)

Повеќе пати неделно (додадете една година)

Еднаш до два пати неделно (одземете една година)

Никогаш (одземете две години)

Колку пати неделно се прејадувате?

Повеќе од седум пати (додадете три години)

Три до шест пати (додадете две години)

Еднаш до два пати (додадете една година)

Никогаш (одземете една ипол година)

Колку често настинувате?

Пет и повеќе пати годишно (додадете една ипол година)

Три до четири пати годишно (додадете една година)

Еднаш до два пати (одземете половина година)

Поретко од еднаш годишно (одземете една година)

Дали сте пиеле антибиотици во послените 5 години?

Не (одземете две години)

Еднаш до два пати (додадете две години)

Над три пати (додадете пет години)

Колку пати неделно вежбате или брзо одите над 30 минути?

Ниеднаш (додадете една година)

Еднаш до два пати (нема промени)

Три и повеќе пати (одземете година ипол)

Колку пати неделно правите вежби за сила?

Никогаш (додадете една година)

Еднаш до два пати (додадете половина година)

Три до пет пати (одземете половина година)

Шест и повеќе пати (одземете година ипол)

РЕЗУЛТАТИ

Aко вашето тело има повеќе години од вас:

Не очајувајте, никогаш не е доцна да преземете нешто во врска со ова. Истражувањата покажале дека позитивните промени во исхраната и физичката активност дури и во 40-те и 50-те години можат да влијаат на вашето здравје и да ви го продолжат животот. Експертите велат дека најголемо влијание имаат исхраната, нивото на стрес и физичката активност, па така почнете од тоа!

Доколку сте врсници:

На граница сте и би требало да промените само една работа за да започнете со трансформација во помлада личност. Најдобро би било да се обидете да го измените тоа што ви додава најмногу години.

Aко ви е телото помладо од вас:

Браво! Или сте многу совесни кога е грижата за здравјето во прашање, или сте едни од оние среќници кои природно уживаат во здравиот живот. Продолжете само така!

Извор: Слободен Печат

Коментари

коментари

error: Content is protected !!