Панчо напиша статус за жените – па доби контра одговори кои добија голема популарност (ФОТО)

Владимир Блажев или добро познат како Панчо на социјалните мрежи напиша статус од Охрид, за жените и плажите, а набрзо потоа оваа објава доби голема популарност, но и огромен број на коментари, токму од жени.

Според она што го пишува Панчо, не секоја жена треба да носи танга на плажа, за да може да се спие навечер без кошмари.

-Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам “лепотицивие” дека НЕ секој ГАЗ е наменет за танга по плажа. Мислам имате огледало, многу е едноставно се гледа 🤷‍♂️ Као дај имајте малце милост, стварно сакаме да спиеме навечер без кошмари 🙄 #НамалетеСиЈаТортата 🎂🐷

И кога веќе ја чепна темата, требаше да очекува дека ќе има реакции, и тоа големи:

-Исто и за мажите шо носат спидо бикини, се се дебели и депилирани или недепилирани, што носат шорц што носат маица или не носат што имаат стомак што не вежбаат нозе само рамења што воопшто не вежбаат и сите останати. Реално носи се прикладно и не носи штикли на плажа, биди самоуверена но и реална, му пишува Елена.

Далеку побрутална е Рената, која има и највеке допаѓања и реакции на коментарот, дури 200, а таа му врати за висината на Панчо:

-Ако може ниските мажи да не излагате на улица, се моткате ќе ве згазиме 🤭🤭.

Рената, кажи им ич да не излагаат и ја го мислам истото, враќа Панчо на коментарот.

-Тежок булшит ти е постов, за разлика од другите разочарувачки:) Кој шо требит да носит не е на тебе да кажиш, ниту на било кој друг, пишува Матеја.

-Хм… Пред се како човек ова е ептен невкусно. Не секој сака како изгледа, дебелината не секогаш е од неконтролирано јадење. Така да животот е еден, и секоја девојка/жена има право да носи што и душа сака. Како и секој маж. Пред се да се сака себеси. Лепење на етикетите врз жените дебељи биле, вакви биле, онакви биле е типично за балкански ментален склоп. Нека извинат оние што го немаат ваквиот склоп, пошо не се сите луѓе исти. Научете да го гледате човекот како човек, а не како месо, посебно жените, – додава во коментар и Гордана.

-Ниско (впрочем како и ти), одвратно и крајно примитивно. Ако едноставно се гледа во огледало, од себе да почнеш најубаво ќе ти е. #НамалиСиГоПростаклукот, му пишува Моника.

-Дебелиот газ може да настане од раѓање уште еден жив на светов, болест, и многу други убави и не убави причини. Како и да е газот се слабее, затега, ама со мозокот на ваквите идиоти ко тебе што ќе правиме? Ова е добра причина за настанување на анкзиозност и депресија кај жените, а како што знам ти се бореше против тоа? Крајно мизерно. Ти посакувам да си жив и здрав и да си дочекаш ќерка :)), е коментарот на Мариа.

-Прво прочитај си ги сопствените текстови на песни и погледни си ги спотовите, па после зборувај за естетика, пристојност и вулгарност. Мизерија, дно дна. Ги жалам тие што уште ве слушаат и поддржуваат, посебно млади девојки, додава Нина.

Сите овие коментари се доста атрактивни „лајкнувани“, а истите се вртат и на Твитер, како одговор на статусот на Панчо.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!