Опозицијата излегува на протест пред српското Собрание – најавена блоката да конститутивната седница

Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) најви дека протестот пред Народното собрание, што движењето го организира денеска од 20 часот, ќе биде вовед во блокадата на Парламентот утре во 9 часот.

Целта на ненасилната блокада е со своето присуство да ги блокираме фалсификуваните пратеници да конституираат фалсификувано собрание во Домот на народното собрание, се наведува во соопштението на ДЈБ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тие наведуваат дека власта најави дека е закажана конститутивна седница на „фалсификуваното собрание“ за понеделник наутро, а крајниот рок за негово конституирање според законот е вторник, 4 август.

Ако не се конституира Собранието, власта ќе падне, соопштија од ДЈБ на Саша Радуловиќ.

Владата ги фалсификуваше овие избори. Не и беше доволно купувањето на гласови со наши пари, заплашување на луѓето, несредените избирачки списоци, контролата на медиумите, туку мораше да ги фалсификува и записниците од избирачките места.

ДЈБ го откри тоа и легално ги поништи изборите. Сите медиуми, целата опозиција, целата професија, сите „невладини организации“ финансирани од ЕУ, Германија, молчат за тоа, се наведува во изјавата на ДЈБ.

Тие истакнаа дека не станува збор за борба за ДЈБ и за било чиј цензус, туку за „борба за соборување на лажираните избори“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!