Шоkaнтна најава: Митко Јанчев – го преземам ВМРО-ДПМНЕ

Во интервју за “Фокус“ кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев вели дека ќе го преземе ВМРО-ДПМНЕ кое ќе води кон европеизација, демократизација, стабилна економија и просперитет за сите граѓани на нашата држава.

Фокус: Како е возможно еден градоначалник што бил кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и пред само две и пол години убедливо победил во неговата општина, сега да биде виновен за поразот на ВМРО – ДПМНЕ на овие предвремени парламентарни избори?

Јанчев: Уште од самиот почеток на градоначалничкиот мандат моето функционирање не беше позитивно прифатено. Наместо задоволство за напорното работење, секогаш добивав неосновани критики. Можеби непрекинатите изведби на сите проекти, кои впрочем според Мицкоски комуналните изведби претставуваат поткуп, што е смешна причина за пораз, проекти кои го придвижија Кавадарци многу чекори напред, некому му бодат во око, од причина што менаџерски не може да го постигне истото. Наместо да учи од своите грешки, Мицкоски својата неуспешност се обидува да ја сокрие преку критиките упатени кон видливиот успех, кој не е само мој, туку и на Општина Кавадарци.

Фокус: Вас ве нарече индиректно, потрошен кадар, зарем не мислите дека е тоа потценувачки, ако се знае дека сте вие еден од најдобрите градоначалници во државата?

Јанчев: Ви реков и погоре. Јас водам квалитетен и прогресивен град, граѓаните знаат да препознаат добри политики. Неговото потценување е потврда за неговата неспособност како лидер на најмоќната опозициска партија во Северна Македонија.

Фокус: Вие бевте првиот што рече дека Мицкоски после поразот треба да си замине од ВМРО – ДПМНЕ. Дали вие ќе бидете новиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ и како планирате да ја преземете партијата?

Јанчев: ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја.

Целото интервју прочитајте го на Фокус ТУКА (извор Фокус)

Митко Јанчев беше еден од првите луѓе кои побараа оставка од Мицкоски. Покрај Јанчев во јавноста со свои пораки се јавија и екс министерот Никола Попоски, Сашо Мијалков и Љубчо Георгиевски.

Мисајловски: Купувањето пратеници стана заштитен знак на СДСМ, од власт која организираше поткуп и фалсификат избори не може да се очекува чесност

Мисајловски: Купувањето пратеници стана заштитен знак на СДСМ, од власт која организираше поткуп и фалсификат избори не може да се очекува чесност

Коментари

коментари

error: Content is protected !!