Се набави оpужje: Косово формира тајна војска со помош од САД, на што бурно реагира Русија

Вашингтон со тоа што им помага на косовските Албанци да формираат своја армија, грубо ја кршат Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, според која на Косово е единствено можно присуство на мировни сили, рече заменик портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Алексеј Зајцев, пренесува порталот „Во Центар“.

Идејата на Вашингтон е да им помогне на косовските Албанци да формираат армија. Сепак, на тој начин, тие грубо ја кршат Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, што подразбира расклопување на какви било воени формации на косовските Албанци и дозволува само присуство на меѓународен мировен контингент – рече Зајцев на брифингот за медиуми.

Како што рече, Москва ги повикува сите оние кои не се рамнодушни кон состојбата на Балканот и иднината на тој „чувствителен регион“, да не дозволуваат чекори што би можеле да доведат до дестабилизација и зголемување на опасен потенцијал за конфликт.

Пред неколку дена, медиумите објавија дека вториот дел од контингентот на оклопни возила од Соединетите Американски Држави пристигна во Косово и Метохија.

Ова го потврди командантот на косовските безбедносни сили, Рахман Рама. Тој додаде дека станува збор за таен договор со Соединетите држави и најави натамошна набавка на оружје.

Рама за Радио Слободна Европа изјави дека испораката на овој контингент е поврзана со договорот кој Косово го потпиша со САД минатата година.

Рама информираше дека минатата година Косово доби како донација 27 идентични теренски возила од Соединетите држави, додека 24 возила беа купени пред две години.

Извор: Во Центар

Коментари

коментари

error: Content is protected !!