Нов тест за Ковид-19: Со вештачка интелигенција се идентификува вирусот за еден час

Новиот тест со вештачка интелигенција би можел да биде во состојба да го идентификува вирусот во рок од еден час, покажало новото истражување.

Научниците кои го развиле тестот наведуваат дека можат брзо да ги прегледаат луѓето кои пристигнуваат во болница поради Ковид-19 и точно предвидува дали се заболени или не, пренесува “Press Association”. 

“AI” тестот го развил тим од Универзитетот во Оксфорд и тој ги проценува податоците кои обично се собираат од пациентите во текот на првиот час по доаѓањето на одделението за ургентна медицина, како што анализа на крвта и витални знаци, за да се утврди дали пациентот е позитивен на Ковид-19, пренесува “Guardian”.

Тестирањето на вирусот моментално вклучува молекуларна анализа на брис од нос и грло, а резултатите се добиваат за 12 до 48 часа.

Тимот од Оксфорд, меѓутоа, рекол дека нивниот алат може да даде предвидувања во реално време за статусот на пациентите на Ковид-19.

Во истражувањето кое е изведено од март, научниците го тестирале “AI” алатот на основа на податоците на 115.000 посети на болниците на Универзитетот Оксфорд.

Лидерот на истражувањето, др. Ендру Солтан рекол дека алатката точно го предвидувала статусот на пациентот во повеќе од 90 проценти од случаите и додал дека би можел да биде корисен за националниот здравствен систем.

Прочитај повеќе: Грчка доминација: Топ-листа на најубавите острови во Европа за 2020 година

Угледното специјализирано списание за патување, “Travel + Leisure” и оваа година направи листа на најубавите европски острови.

Интересна е целосната превласт и доминација на грчките острови, од кои дури 7 се најдоа во топ 20, а во листата спаѓа и еден хрватски остров кој се најде на 5-то место – Хвар. 

Читателите на списанието го прогласија грчкиот остров Парос за најубав европски остров. Ласкавата титула, Парос ја освоил поради комбинацијата од прекрасни плажи, традиционална архитектура, сликовити села, археолошки наоѓалишта и богат ноќен живот.

Парос првото место оваа година го презеде од уште еден “Грк”, Милос, кој се најде на второто место, додека на третото место е италијанската Сицилија. По најголемиот италијански остров, се најдоа Азорските острови, Хвар и повторно – грчкиот Крит.

На седмото место е италијанскиот остров сместен близу Неапол – Искја. По неа следуваат Мајорка и Мадеира, а десеттото место повторно го зазедоа Грците – Родос и Додеканези.

Парос, Грција

Милос, Грција

Сицилија, Италија

Азорски острови, Португалија

Хвар, Хрватска

Крит, Грција

Искја, Италија

Мајорка, Шпанија

Мадеира, Португалија

Родос, Грција

Додеканези, Грција

Коментари

коментари

error: Content is protected !!