четврток, 13 август, 2020

КАКОВ ДЕН: Денес речиси 4 пати повеќе ОЗДРАВЕНИ отколку НОВОЗАБОЛЕНИ

Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во:

  • Скопје 36
  • Куманово 11
  • Дебар 2
  • Штип 11
  • Прилеп 1
  • Тетово 14
  • Струга 8
  • Велес 4
  • Битола 2
  • Кавадарци 5
  • Гостивар 16
  • Струмица 1
  • Крушево 1
  • Кочани 1
  • Пробиштип 2
  • Македонски Брод 1
  • Виница 6
  • Свети Николе 1
  • Кичево 15
  • Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од:

  • Скопје 353
  • Куманово 61
  • Дебар 17
  • Штип 27
  • Прилеп 5
  • Тетово-17
  • Струга 4
  • Велес 4
  • Охрид 3
  • Гостивар 14
  • Струмица 4
  • Крушево 1
  • Кочани 2
  • Пробиштип 8
  • Свети Николе 5
  • Кичево 7
  • Ресен 2

Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!