Џамбазов си ја отвори душата- со емотивна порака откри што му недостасувало во животот, а денеска му се исполнило (ФОТО)

Илина Арсова, саканата на Игор Џамбазов денес слави роденден.

Игор на Инстаграм напиша емотивна порака со која и го честиташе роденденот.

„Таа е се што имам. Таа е се што немам. Таа денес полни 38 лета. Среќен роденден, среќо моја!“, напиша Игор Џамбазов.

Со оваа емотивна порака актерот само докажа дека целиот живот копнеел за ваква љубов кон жената на својот живот, а токму денеска е благодарен што ја пронашол истата.

Пред неколку месеци Џамбазов проговори и за тоа како си го поминува времето сега во коронакризата. Тој во интервју за Фокус рече дека неговиот ден е целосно исполнет од физичка активност до дружба со неговите сретеновски домаќини.

„Станувам помеѓу 4 и 5 наутро. Чекам да помине полицискиот час и веднаш се упатувам кон границата. До таму и назад, дали пешки, дали со велосипед, се прави едно освежувачко „кардио“ од 30 минути ако сум пешки, или 15 со велосипедот. Потоа традиционалното утринско кафе со семејството Чукови, моите сретеновски домаќини, Имаме прекрасни тераси тука, така што буквално цел ден сме на чист, најчист воздух, езеро кое го одзема здивот и огромната Беласица на која до пред некој ден имаше снег. Ручек, па повторно прошетка се до полицискиот час, па вечера, малку Нетфликс и…Нокаут“, раскажува нашиот шоумен.

Голем љубител и познавач на македонскиот јазик и Северна Македонија е Игор Џамбазов. Тој пред некое време беше актуелен со серијалот „Вдахновениот“, рецитирајќи ги песните од нашите најголеми поети. Порака е да се цени македонскиот јазик.

„Со „Вдахновениот“ сакав да го направам токму тоа. Не само да ги запознаам со, за нив, потполно непознатата македонска поезија и нејзините ведети: Конески, Петре Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Рацин, Миладиновци…туку и да им покажам како јас мислам дека таа поезија треба да се декламира…и мислам дека токму тоа беше клучот на успехот. На народот му се допадна тоа. „Вдахновениот“ и македонската поезија ја гледале повеќе од милион луѓе“, истакна Џамбазов во интервју за Фокус. Целото интервју за Фокус од пред неколку месеци прочитајте го ТУКА

Коментари

коментари

error: Content is protected !!