недела, 6 декември, 2020

Поглаварот на ИВЗ позитивен на корона вирусот

Поглаварот на исламската верска заедница Шаќир Фетаху е позитивен на корона вирусот. Фетаху преку својата Фејсбук страна информираше дека состојбата му е добра.

– Во моментов, сè е нормално, без никакви симптоми. Се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум на домашно лекување.

Реисул Улема Фетаху апелира до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните и во истовреме го честита муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Инаку, ИВЗ вчера соопшти дека поради коронавирусот нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан бајрам и ги повика верниците да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат препораките на здравствените работници.

Таа според верскиот календар, оваа година требаше да се одржи во четврток на 31 јули, со Бајрам намаз во Скопје во 6 часот и 6 минути.

Во сопштението на ИВЗ се наведува дека при Бајрамската молитва, верниците се должни да ги почитуват мерките кои важаат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно, задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.

Од ИВЗ наведуваат дека џамиите ќе бидат деизнфецирани, но укажуваат дека треба за извршување на молитвата треба да се користат дворовите на џамиите.

Поранешниот реис Сулејман Реџепи, победоносно и со потсмев зборуваше за заразата, новиот поглавар Шаќир Фетаи, веднаш по преземањето на должноста, им порача на верниците дека болеста е вистинска и ги повика да бидат сериозни во борбата против неа, без страв, но со голема свест.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!