Почнуваат контра ударите: Се укинуваат ТУРСКИТЕ СЕРИИ – ова е првиот одговор од страна на Грција кон Турција

За првпат по 86 години, од внатрешноста на Аја Софија се слушна молитвена песна. Поранешниот музеј ги отвори вратите за стотици верници, по пренамената во џамија во јули годинава.

Покрај верниците, на молитвата присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Дел од верниците беа во „Аја Софија“, а илјадници други пред џамијата и настанот го следеа преку видео бим. Со оглед на строгите мерки поради пандемијата, властите ги одбележаа местата за молитва, посебно за мажите и посебно за жените, но на моменти полицијата беше немоќна да ја контролира толпата.

Настанот го обезбедуваа повеќе од 20 илјади полицајци. Пренамената од музеј во џамија на Аја Софија наиде на силни критики од САД, ЕУ, Грција, Руската православна црква, УНЕСКО и повеќе христијански лидери.

Набрзо потоа следуваше и одговор од грчка страна.

Грчката телевизија АНТ1 го укина емитувањето турски серии на својата програма во текот на летото, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Аја Софија во Истанбул да ја претвори во џамија, пренесува „Телеграф.рс“.

Главниот и одговорен уредник Јоргос Пофантис изјавил дека одлуката е донесена и дека наскоро ќе биде претставена новата програма.

По она што се случи со Аја Софија, донесовме одлука сериите да се забранат, изјави Пофантис.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!