Никогаш не е доцна: Џузепе дипломираше на 97 години и нема да застане тука…

97-годишниот Џузепе Патерно денес стана најстариот Италијанец кој дипломирал, а по тој повод на Универзитетот во Палермо беше одржана свеченост на која му беше врачен и Ловоров венец.

На свеченоста на која Џузепе ја доби дипломата за завршени студии по историја и филозофија, беше пречекан од директорот Фабрицио Микари, а присуствуаа неговите деца, внуци и правнуци.

Учи и никогаш не се откажувај“, порача Патерно кој сега има намера да продолжи со постдипломски студии и да ги заврши пред да наполни 100 години.

Џузепе бил роден во 1923-та година во сиромашно семејство, па цел живот приоритет му била работата, а не студирањето. Во младоста работел како доставувач, а потоа и во пивара. На 31 година станал геодет, а се пензионирал како работник во железницата.

Пензионерскиот живот му дал толку слободно време кое Џузепе го искористил во читање на книги и на својата голема страст – историјата. Така, во 2017-та година на свои 94 години тој одлучил да се запише на студии по историја.

Неговата академска кариера била успешна и студиите ги завршил со високи оценки.

Прочитај повеќе: Сака да и земе пола од имотот: Игор дебело ќе го наплати бракот со Северина

Игор и Северина дефинитивно се разведуваат. Сопружниците веќе ги предале документите за развод но по се изгледа тоа нема да оди лесно бидејќи Игор решил дебело да го наплати бракот со пејачката. Тој и бара половина од имотот што го стекнале во бракот а тоа е стан во Загреб и штеден влог од десетици илјади евра.

Кога тоа го слушнала Северина буквално збеснала бидејќи Игор не работел ништо и изигрувал менаџер а таа работела деноноќно

Коментари

коментари

error: Content is protected !!