Се огласија од СДСМ за веста дека ќе имаме два премиери: Го чекаме Заев, веста на Коха е лажна

За раководството на „Бихаќска“ првично не е прифатлив ниту концептот „ротирачки премиер“ за кој, како што објави „Коха“, наводно, постигнале договор досега владејачките партии

СДСМ, како предводник на коалицијата која освои најмногу (46) мандати во новиот состав на парламентот ќе ги почне разговорите за состав на идната влада по конститутивната седница на Собранието, на 4 август (вторник).

Ова го потврдува за „360 степени“ висок функционер на СДСМ, посочувајќи дека се чека лидерот и потенцијален мандатар за состав на владата, Зоран Заев, да се врати од одмор.

Се очекува Заев, како новоизбран пратеник, да присуствува на конститутивната седница, по што, како што велат, од партијата би можеле да почнат преговорите за состав на новата влада. Согласно со уставните рокови, најдоцна до 14 август претседателот Стево Пендаровски би требало да го определи мандатарот, кој во наредните 20 дена, што би значело до почетокот на септември, би требало да ја состави новата влада и да поднесе до парламентот програма за работа.

Соговорници од СДСМ тврдат дека засега не се водат преговори со другите парламентарни партии за состав на владата, а за информацијата што ја пренесе „Коха“ дека е постигнат договор меѓу коалаицијата „Можеме“ и ДУИ велат дека е „лажна вест“.

За СДСМ првично не е прифатлив ниту концептот „ротирачки премиер“ за кој, како што објави „Коха“, наводно исто така постигнале договор досега владејачките партии, така што една година на чело на Владата би бил претставник на ДУИ, а другите три години премиерот би бил од СДСМ.

Пред изборите лидерот на СДСМ упати порака до претседателот на ДУИ Али Ахмети дека токму тој ќе биде мандат за премиер, а доколку на ДУИ тоа не им се допаѓа може да бидат опозиција. Тој исто така во интервју за МИА рече дека е можна коалиција со ДУИ, но без условот за премиер Албанец.

„Би ја нарекол комплетно популистичка политичка стратегија, националпопулистичка заради тоа што пораката е националистичка, нешто што беше присутно во времето на Груевски и Али  Ахмети. Тоа време е минато. Јас сум Зоран Заев и мојот СДСМ е основач на концептот едно општество за сите. Ние сме покажале дека немаме никаква предрасуда за етничката припадност на кој било човек, за која било функција во државата и око не ми трепнува само да е добар, квалитетен, експерт, професионален, да може да ја завршува работата и тоа важи и за премиер, претседател на државата, претседател на парламентот, министер, градоначалник или кој било. Впрочем многу од тие функции ги имаме и сега Албанци од СДСМ и тоа се поприлично добри кадри. Во едни такви околности уцената не смееме да ја пуштиме да живее заради тоа што народот мисли како и да гласаме еве на крајот едни со други ќе се уценат и тоа така ќе биде. Не е така. Граѓаните се тие коишто одлучуваат кој ќе биде пратеник во Парламентот, кој ќе биде министер, кој ќе биде премиер, кој ќе биде претседател на државата итн. И тоа не смееме повеќе да го дозволиме, значи да имаме националистички поделби во нашата земја. Затоа рековме здраво е ДУИ после 17 години, навистина тоа е долг период да се биде власт да премине во опозиција, здраво е за нив за да може да дојдат едни нови сили коишто со забрзано темпо ќе ги направат до крајот реформите во државата“,

Коментари

коментари

error: Content is protected !!