Откриено колку ќе чинат вакцините против корона вирусот

Фармацевтската компанија Модерна планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус по цена од 50 до 60 американски долари, што е за околу 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Предложената цена на Модерна е повеќе од 39 американски долари за две дози, сума договорена меѓу „Фајзер“ и германскиот „БиоНТек“ и американската Влада, пишува весникот, истакнувајќи дека Модерна ја држи таа цена за САД и другите побогати земји.

Американската влада и обезбеди на Модерна финансиска поддршка од речиси една милијарда американски долари за поддршка на напорите за истражување и развој за потенцијална вакцина против Ковид-19.

Во САД почна последната фаза од тестирањето на вакцината против Ковид-19

30 илјади доброволци се дел од последната и клучна фаза во клиничките тестирања за вакцината против корона вирусот кои почнаа во САД.

Фармацевтската компанија Модерна, со поддшка од американската влада, за првпат ќе се обиде да создаде вакцина против корона вирусот.

Со оглед на тоа што во американските држави болеста се шири со неверојатна брзина, бројот на оние кои се пријавиле за последното тестирање, за докторите е одлично.

Учесниците не знаат дали ја примаат вистинската вакцина, или плацебо. Со истражувањето се проценува безбедноста на вакцината, како и можноста со две дози да се спречи ширењето на Ковид-19.

Се бара и одговорот дали може да се спречи и смртта од последиците на коронавирусот. Создавањето на вакцината против коронавирусот е ставено на брза лента, а компанијата Модерна најави дека првите дози ќе може да ги произведе во септември или до крајот на годината.

Потребно е само да заврши оваа последна фаза која е најклучна, бидејќи станува збор за голема група на луѓе.

Америка се уште брои по илјада жртви од корона вирусот дневно, а според здравствените експерти предвидуваат дека наредниве месеци ќе имаат уште поголем број на загубени животи.

Не преостанува ништо, освен развојот на ефикасна вакцина, бидејќи се поголем број на заболени се младите под 30 години.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!