понеделник, 21 септември, 2020

Најнова вест: Ќе има двајца премиери – Три партии ќе бидат дел од новата власт

Весникот Коха објавува неофицијални најави дека се поставени рамки за соработка во наредните четири години меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА со ДУИ на Али Ахмети, а во владата влегува и Мендух Тачи. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од двете политички партии потврдуваат за Kоха дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Зоран Заев, Али Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиер, со тоа што три години владата ќе ја раководи премиер од СДСМ и една година премиер Албанец.

Останува само уште договорот за тоа која партија ќе го има премиерот во првата година, велат високи функционери.

Инаку, во последните неколку дена меѓународниот фактор инсистираше на формирање на владата што е можно поскоро, а директно алудираше на продолжување на проевропскиот пат, како и на стабилна Влада.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!