вторник, 18 јануари, 2022

Добровечер Македонијо, ова е вистинска приказна – мора што побрзо да реагираме

Добровечер господине Филипче – министер за здраство!

Добровечер Македонијо!

Господине Филипче пред две години на истиов начин ви се обратив за слична ваква ситоација и навистина ви бев благодарен за брзата реакција и помош која што ја понудивте.

Денес пак ВЕ ЗАМОЛУВАМ да испратите едно амбуланто возило со лекарски тим, да ја земете госпоѓа Тања од населба Драчево, да ја сместите во болница и да ја излекувате.

Почитуван Министер за здраство, почитувани сограѓани, Тања е самохран родител, беспомошна за работа, социјалната помош и ја укинале бидејки можела да оди со штаки а тоа значи ќе можела да работи (на сликата погледнете и ги нозете).

Почитувани, Тања од денес одлучила да застане пред стокомак во населба Драчево и да бара милостина од сите нас за да се прехрани со ќеркичката и да може да си купи лекарства.

Тања средовечна жена, многу е културна, срамежлива, тивка, со насолзени очи и испружена рака бара спас од сите нас.

Контакт телефон за кој сака да и помогне 076/638-475

За крај ќе ви пренесам една убава реченица од еден земјоделец (албанец по националност) кој што од спротива продаваше зеленчук па откако со Тања го завршив разговорот и и подадов колку што ми се можностите, преминав кај земјоделецот да купам нешто од неговите производи. Откако го избрав производот го прашав колку сум должен а тој ми рече: “ДЕНЕС ТВОЈАТА ПОМОШ КОН ОНАА ЖЕНА НЕКОЈ ОДОЗГОРА ЈА ЗАПИША, ЗЕМИ ГО ЌЕСЕТО СО ПРОИЗВОДИТЕЗА ДА ТОЈ ОДОЗГОРА И МЕНЕ МЕ ЗАПИШЕ ПОКРАЈ ТЕБЕ ДОБАР ЧОВЕКУ” – господине Филипче и вас нека ве запише Тој одозгора за сторено добро дело, ВЕ ЗАМОЛУВАМ🙏

Фејсбук статус на Владо Аврамовски

Коментари

коментари

error: Content is protected !!