Нови СТРАШНИ бројки: Дури 379 позитивни на Ковид, а починале дури осум лица во соседна Србија

Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа се забележани 379 нови случаи на Ковид-19, направени биле 9.817 тестови.

Во истиот период починале осум лица, вкупно 551 од почетокот на епидемијата.

На респиратори се наоѓаат 156 пациенти, од 4.531 хоспитализирани.

Од почетокот на епидемијата во таа земја се направени 641.091 тестови.

Извор: Канал 5 телевизија а во продолжение прочитајте: Нема позитивни меѓу новотестираните во Македонска Каменица

Од Здравствениот дом во Делчево и здравствената станица во Македонска Каменица соопштија дека здравствената состојба на претходно тестираните четворица позитивни на вирусот во Македонска Каменица е стабилна.

Направените тестови на лицата кои имаа контакти со првиот заболен во општината и останатите тројца, денеска покажаа негативен резултат, што ни дава за право да се надеваме дека нема да имаме ново жариште на вирусот во Источна Македонија, истакнаа од Здравствениот дом.

Министерството за здравство во С. Македонија информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72г.), пациент од Куманово (64г.), пациент од Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.) . Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Коментари

коментари

error: Content is protected !!