“Безобразно ” – летна и жешка авантура на Роберт Вукелиќ и Дејан Станковиќ

Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата македонска сцена, песната “Безобразно” конечно деновиве добива своја промоција, во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува двајца дечковци.

Приказната има интересен сплет и убави моменти, а тоа што е безобразно ќе го дознаете кога ќе го погледнете видеото.

Спотот е сниман уште пред да започне пандемијата, но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине.

Се снимаше во Охрид во преубав и атрактивен хотел велат Роберт и Дејан.

Текстот е на Дејан и Роберт, музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски.

За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ, која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоу биз како кај нас така и во соседството.

Во видеото женската улога и припадна на младата и убава манекенка Елена Ѓорговска.

Наскоро може да очекувате нешто ново, се надеваме дека ќе им се допадне нашата песна на луѓето низ насмевка ни порачаа Wolf i Deks .

Линк од видео записот и спот погледнете го на ЈУТЈУБ – ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!