Роналдо со неа ја изневерил девојката: Бил опседнат со навивачка, а таа откри каков е во кревет

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, покрај успесите на зелениот терен, „постигнува голови“ и надвор на стадионите, а сето тоа многу полесно му оди, бидејќи жените се тие кои трчаат по него.

Токму ова е причината поради која Роналдо ја раскинал врската со атрактивната Русинка, Ирина Шајк.

Даниела Чавез, атрактивна и убава манекенка, своевремено била во центарот на светската јавност кога Кристијано Роналдо со неа ја изневерил својата тогашна девојка Ирина Шајк.

Не е никаква тајна дека Португалецот и преубавата Русинка раскинале поради неверството со русокосата со бујни гради која што своевремено била и кралица на Копа Америка.

На атрактивната Даниела фудбалот отсекогаш ѝ бил страст, била меѓу 10-те најсексапилни навивачки на светот, а не се срамела ниту да се соблече за да им даде поддршка на фудбалерите на Чиле и Мексико.

По неколку години таа повторно одлучила да проговори за својата кратка авантура која што ја имала со најдобриот фудбалер во историјата, кој што толку многу бил опседнат со неа што едноставно морал да ја има.

„На почетокот беше срамежлив, но кога стекна самодоверба беше вистински маж, иако сè уште беше плашлив. Ме сакаше, но идејата беше да не го покажува тоа. Само сакаше да го исполни сонот и да биде со мене“ – рекла Даниела.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!