Можно ли е – пратеници од ДПМНЕ преминуваат во партијата на Љубчо Георгиевски?

Претседател на ОК на ВМРО НП на фејсбук напиша статус кој покрена доста реакции во јавноста. Тој на фејсбук пишува дека на повидок најверојатно е окрупнување на парламентарната ВМРО НП.

ВМРО НП на Љубчо Георгиевски доби свој претставник во Собранието на РСМ, а тоа е генералниот секретар на партијата Љупчо Балкоски.

И покрај се, пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои се охрабрија макар и дискретно да влезат во разговори со ВМРО НП за да се поддржит програсивниот пат на нашата држава за интеграција во демкратскиот свет заслужуват почит. На повидок најверојатно е окрупнување на парламентарната ВМРО НП. по се изгледа со 5 наместо со три пратеници. Ќе биде интаресно, напиша Пајка.

Екс премиерот Љубчо Георгиевски деновиве се огласи во јавноста по повод новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ во кој тој и неговиот претходник Никола Груевски не се повеќе почесни претседатели на партијата.

Правната држава започнува со почитувањето на сопствениот статут.
Не може нешто што е одлучено на Конгрес да се промени на Централен комитет, напиша Георгиевски.

Според пишувањата во медиумите тој подготвува добар адвокатски тим и ќе поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар пак на ВМРО НП предвидува дека претстои период на раслојување во ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 година инсистираме Македонија да биде една изборна единица како предуслов за учество на поголем број на партии во парламентот. И со ваквов модел од 6 изборни единици анкетите секогаш ни даваа по 3,4,5 па и шест пратеници, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше на власт тогаш една недела пред изборите не уништуваше до крај, рече тој на Утрински Брифинг на Слободен Печат.

Дали можеби има вистина во написите и дали ВМРО НП во една ваква состојба може да придобие и други пратеници на своја страна и со тоа да добие и парламентарна група во Собранието останува да се види во периодот кој што претстои.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!