понеделник, 28 ноември, 2022

Лиде Лиде не издржа: Јавно преку телевизија на Филипче му порача дека гори од желба да испијат кафе, му побара и подарок за роденден

Лидија Гиновска стана популарна во април годинава кога преку Фејсбук му упати покана на министерот за здравство Венко Филипче дека гори од желба да го види и да испијат заедничко кафенце.

По ова таа буквално стана хит на социјалните мрежи и речиси на секој прес го покануваше министерот на кафе и имаше нејзини коментари.

Овој пат за прв пат јавноста може да ја запознае Лиде Лиде преку интервју дадено за Зевзекманија.

Она што е најинтересно во него е тоа што Лиде Лиде се уште чека да испијат кафе со министерот, но и еве што му побара на Филипче како подарок за нејзиниот роденден.

Не сум седнала со господинот во живо, можеби некоја хемија ќе има, но не сакам да бидам така нападна ептен. Извор сум на секакви реченици, ќе се смее сигурно, вели Лиде Лиде.

Ќе изнајмам кафуле, или газда од кафуле ќе биде спонзор вели Лиде Лиде за кафе-муабетот со Венко. Инаку Венко кажа дека би пиел кафе со неа по завршувањето на коронакризата.

Кога кажа дека ќе прифати да пиеме кафе мислев дека ќе паднам од гарнитурата, вели Лиде Лиде.

Завршија сите турбуленции. Не мора Владата да ја чекаме за едно кафе. Не можам веќе да чекам, вели таа и додава дека на изборите гласала само за Венко Филипче и покрај тоа што лично него го немала на списокот, таа го допишала и гласала за него. Епа министре, време е за кафе со Лиде

Коментари

коментари

error: Content is protected !!