Кога бев осум години, мајка ми го изгоре тостот на татко ми, никогаш нема да заборавма што и одговори тој

“Кога бев околу осум години, мојата мајка го изгоре тостот.
Тоа беше една ноќ кога таа правеше вечера за нас по многу напорен и долг ден на работа.

Таа ја постави чинијата со џем и многу изгорен тост пред мојот татко. Не малку прегорен туку екстремно изгорен тост. ЈАс само чекав да видам дали некој ќе го забележи изгорениот тост и ќе каже нешто. Но татко ми само си го изеде тостот и ме праша дали ја напишав домашната и каков ми беше денот.

Не знам што му одговорив таа ноќ, но се сеќавам дека ја слушнав мајка ми како му се извинува на татко ми за изгорениот тост. И нема да заборавам што и одговори тој: “Душо, јас сакам изгорен тост.“
Покасно таа ноќ, отидов да му кажам добра ноќ на татко ми и да го прашам дали тој навистина го сака изгорениот тост. Тој ми ја стави раката на рамото и ми рече: “Твојата мајка имаше долг и напорен ден на работа и таа беше многу уморна. Плус тоа, изгорениот тост не му штети никому, но знаеш што му штети?Острите зборови!“

Потоа тој продолжи: “Знаеш, животот е полн со несовршени нешта и несовршени луѓе и јас не сум идеален.

Заборавам и грешам како секој човек. Но научив низ годините дека да научиш да ги прифаќаш туѓите грешки и да ги фалиш туќите разлики и доблести е еден од најважните клучеви за создавање на здрава и трајна врска. Животот е прекраток за да се разбудиш со жалење. Сакај ги сите кои те сакаат и имаат почит кон тебе , а посебно имај сочувство за оние кои немат.

Уживај во животот сега и Слави го Бога!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!