Деветта титула во низа: Јувентус е апсолутен император во Италија

Од денеска Јувентус има двојно повеќе трофеи во италијанското првенство од Милан и Интер. Торинскиот клуб и математички ја освои деветтата шампионска титула во низа откако славеше во дуелот со Сампдорија со 2-0.

Головите ги постигнаа Кристијано Роналдо и Федерико Бернардески, а Португалецот пропушти можност да погоди и од пенал во последните моменти од мечот и со тоа да се врати во игра за Златната копачка на Европа. Сампдорија не се посрами, напротив, беше рамноправен противник, но не ги искористи своите шанси.

Ова е деветта титула во низа на Јувентус во Серија А, каде е шампион од 2012 година и вкупно 36. во историјата на клубот. Интер и Милан останаа на 18.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!