понеделник, 21 септември, 2020

АЛАРМАНТНО: Во Косово секој втор е позитивен на корона-вирусот

По неколкунеделното „водство“, Македонија повеќе нема најмногу заболени од Ковид-19 по глава на жител во регионот. Лидери сега се Црна Гора и Косово, а Босна и Херцеговина се „израмни“ со Македонија.

Според информациите кои доаѓаат од соседно Косово, ситуацијата е алармантна кога се прават споредби на бројките, затоа што испаѓа дека речиси секој втор е позитивен на корона вирусот.

Во Косово починаа уште осум лица од последици од корона вирусот, а регистрирани се уште 220 нови случаи, во последните 24 часа.

Инстиутот за јавно здравје во Приштина соопшти дека се тестирани 472 примероци, што е сериозна бројка, а граѓаните во Косово коментираат дека според статистиката – секој втор е позитивен на вирусот.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 177.

Најмногу позитивни случаи се регистрирани во подрачјето на Приштина.

Вкупниот број на заразени во Косово од почетокот на пандемијата е 7.137, додека активни се 3.086 случаи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!