Си прославија избори, па короната се врати посилна: 411 лица се новозаразени во Србија

Во последните 24 часа кај нашиот северен сосед Србија, заразени се уште 411 лица, а починаа осум лица.

Направени се 9.349 тестови.

Според споледните податоци на Министерството за здравство на респиратори во болниците ширум земјата се 170 пациенти.

Кај нас пак ситуацијата исто така воопшто не е добра.

Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули. Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен, вели Венко Филипче.

Венко изрази благодарност и до СЗО

Благодарност до Светската здравствена организација (СЗО) која во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65000 медицински маски, 122000 N95 заштитни маски, 5200 очила, 10500 заштитни наметки и 91000 ракавици, а вредноста на донацијата изнесува 305.000 американски долари.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!