СДСМ со повик до сите пратеници: Приклучете се на прогресивните сили бидејќи нема враќање назад кон изолација

Владејaчката СДСМ преку соопштение најави дека преговорите за нова Влада почнуваат по Илинден. Во текстот се опишани и главните политики на коалицијата која освои најмногу пратеници на парламентарните избори – европска иднина, подобар економски стандард и реформи на полето на правдата.

„Одиме напред уште подобро, со конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат  потребите на граѓаните, со ефикасни планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата. СДСМ има решенија и има капацитет нив да ги реализира уште подобро и уште повеќе. Членството во НАТО е завршена работа, можеме и во ЕУ. Владата предводена од СДСМ ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата“,

Интересен дел од текстот на соопштението, кое инаку во многу наликува на кусо повторување на главните поенти од програмата за парламентарните избори, е повикот кој партијата го упатува до „сите пратеници“ да се „приклучат на прогресивните сили“. А во исто време се вели и дека „времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност“.

„Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница“,

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, повторно го повика раководството на неговата матична партија да преземе одговорност за изгубените избори. Поранешниот потпретседател на најголемата опозициска партија, во интервју за „Слободен печат“ вели и дека „ремонтот“ треба да биде брз.

Секоја раководна функција ги сноси последиците од слабиот резултат. Тоа е секогаш така, не само во политиката. Доблест е да можеш да погледнеш назад, да ги издвоиш грешките, да ги забележиш на лист хартија, а потоа истите тие грешки да ти станат секојдневен потсетник за тоа како не треба. Но, понекогаш сме убедени во тоа дека нашите грешки всушност не се грешки, дека сме целосно во право. Но, секогаш е виновен првиот човек. За жал, и во овој случај е исто. Јас повикав на брз ремонт во партијата, затоа што тоа е мојата матична партија и чувствувам одамна дека треба нешто да се промени

За слабата излезност на изборите, Јанчев ја обвинува неизвесноста и рестрикциите со кои живее општеството поради ковид-19 епидемијата. За резултатот на неговата матична партија вината ја гледа во понудените политики.

Јанчев и претходно истакна дека е потребно реформи во партијата, но тој не беше и единствениот кој се огласи и ги побара истите. Во свои статуси се огласија и Никола Попоски, екс министер за надворешни работи во Владата на Никола Груевски, како и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Новиот Статут на партијата, според Јанчев е само обид за спас на актуелното раководство од целата ситуација. Според него, такво нешто се прави во „мирно време“ а не ден по избори.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!