Филипче утрово објави убава вест: Ретко кој може да го забележи токму ова

Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Фејсбук посочува дека процентот на хоспитализирани лица заболени од Ковид-19 во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени.

-Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули.

Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%.

Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен!

Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!