Зошто толку убава, а сама?

Овој омразен полукомплимент, секој пат знае да ме турне на земја. Прво, каде вие гледате поврзаност помеѓу убавина и присуство на маж? И второ, не можам да сфатам, ако не сум во врска, значи во мене сигурно мора да постои некоја грешка?

За жал, се е многу едноставно. Сама сум, затоа што не постои причина „да не бидам сама“… Па, замислете.. немам силна потреба „да имам дечко“, а со тоа ниту потреба „да се омажам“. И не е работата во тоа дека сум некоја фантастична феминистка. Сосема е обратно – премногу сум наивна.

Тоа се случи, јас верувам во љубов и чисти односи. И додека таа верба живее во мене, помалку не прифаќам. Можете со часови да ми држите предавања на темата „мажите – полигамни животни“. Можете да ме убедувате дека сум старомодна, глупава и живеам во детска фантазија. Но, јас подобро ќе изберам осаменост, отколку завиткување на слатки чоколади, кои толку многу сакате да ми ги подарите.

Никогаш нема да ги сфатам жените кои не чувствуваат потреба за МАЖ, туку за „присуство на маж“ или очајнички се обидуваат да се вечнаат, затоа што „дошло време“. А каква, по ѓаволите, може да биде староста?

Се шегувате?

Можеби нешто не разбирам во животот, но според мене, потребата за блискост, за интима, за венчавка, а најмногу за деца е нешто што нормална жена може да го осети само со одредени мажи!!!! А не затоа што кај неа одеднаш се разбудил инстинкт дека „дошло време“ и таа трчи да бара маж. Што побрзо…

А потоа, одеднаш доаѓа до заклучок дека тоа не е она што го сакала. Поради тоа – солзи, плачење и развод. Не, фала, задржете го тоа за себе. Јас имам поинаква цел, затоа што сакам да бидам сакана и да сакам!!! Тоа, ни помалку, ни повеќе.

Сакам да бидам покрај саканата личност не поради тоа што така треба, туку затоа што токму тој ми е драг и мил. И дека од мене пред се, сум му потребна јас, а не она што јас можам да го понудам. Сакам да останам со тој однос не до свадба, туку до смртта.

Да бидам верна девојка и достојна жена. Дете, не само да „зачнам“, туку да му го подарам на саканиот маж. И да бидам добра мајка! Сакам да ја изградам својата судбина без гледање наоколу и да живеам според разумот и чувствата.

Општеството може да наметнува што сака. Но, ние самите одлучуваме што ќе правиме со тоа. И јас сум уверена дека уште некој размислува како мене. Не знам уште колку пат ми претстои за одење, пред да ја запознаам својата среќа. Но, и ако не ја сретнам – ќе останам искрена кон себе, нема да се потрошам непотребно.

Едноставно, ќе бидам „Сама и убава“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!