среда, 22 септември, 2021

Правите грешка која многу може да чини: Откако ќе ја прочитате оваа вест, веднаш ќе го тргнете телефонот од раце

Ограничената употреба на мобилните телефони до два часа дневно, би можело да го намали ризикот од смрт, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Глазгов.

Во студијата се наведува дека здравствените ризици како ракот и кардииоваскуларните болести биле на најниско ниво кај луѓето кои дневно поминувале два часа или помалку пред екраните на мобилните телефони.

Според експертите, потенцијално би можело да се спречат 5,62 отсто од смртните случаи и 7,97 проценти од кардиваскуларните болести ако се ограничи времето пред екраните на два часа дневно.

Во студијата не е вклучено времето поминато пред телевизиските екрани, туку само времето поминато гледајќи во мобилните телефони.

Истражувањето е спроведено од 2006 до 2018 година при што биле опфатени речиси 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.

Компанијата Твитер поради падот на приходи размислува да воведе нов начин на заработка, а еден од нив може да биде опцијата преплата на некои делови од сервисот.

Имено, Твитер во вториот квартал на оваа година, приходите од огласите паднале за четвртина во однос на истиот период минатата година, односно на 562 милиони долари.

И покрај зголемување на бројката на корисници за време на пандемијата, оперативната загуба на компанијата изнесувал 142 милиони долари.

За тоа и извршниот директор на Твитер, Џек Дорси им соопштил на инвеститорите дека оваа година ќе побара „тестови за преплата“, меѓутоа напоменал дека стандардите за наплата на некои делови од сервисот ќе бидат доста високи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!