петок, 29 септември, 2023

(ФОТО) По настапот на Канал 5, Апасиев на Фејсбук со статус кој ги ЗБУНИ сите

Димитар Апасиев во најмала рака е во ТОП 3 актуелни политичари во моментов. Тој со својот начин на функцонирање, многу поразличен од останатите, успева да ги освои симпатиите, па станува се поинтересен и поатрактивен.

Таков беше и неговиот настап на Канал 5 во „Само интервју“, каде зборуваше отворено за многу работи, а ексклузивно откри неколку работи, кои оставаат низа прашалници.

-Имам две ексклузивни информации. Во моментов додека зборуваме се прави обид за купување на пет пратеници од страна на СДСМ. Јас ги знам и по име и по презиме и по детали. Се подмитуваат со станови во Скопје, сумата се движи од 100 до 500.000 евра за да преминат во таборот и сето ова е недозволиво во еден систем кој претендира да биде европски, вели Апасиев.

Не е се така сјајно во политиката, па заканите се и со „ниски удари“.

–На пратениците им се закануваат со швалерки, бизниси… Ги знам по име и презиме. Чекам да добијам пратенички имунитет па ќе ги кажам од говорница – рече Апасиев.

Втората ексклузивна информација, како што ја најави, е што тврди дека добива закани. Ова, според него, е вторпат во животот да добива закани по живот. Првиот пат бил додека бил советник во СЈО.

За заканите тој го впери прстот кон Агенцијата за разузнавање и кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„По втор пат, добив закани по живот за мене и за моето семејство бидејќи знаат дека не можат да ме поткупат и тоа доаѓа од две структури. Од структурата на Пендаровски преку Агенција за разузнавање со радикални елементи за кои ќе го документирам случајот и со мојот адвокатски тим. Чекам да стекнам пратенички имунитет, па да покренам процедура. Другата закана е директно од Заев преку еден негов пајташ во изборната едница 3 на кој јавно му порачувам дека не треба он да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати или било што да ми се закани, не он да ме најде, јас ќе го најдам него за 24 часа. Кога нема систем да те штити, ти си должен да се самозаштитиш. Најодговорно кажувам дека мене ми се заканува и дека ова нема така да помине“, рече Апасиев.

И откако сите ги собираат впечатоците од неговото интервју и пораките кои ги испрати, Апасиев во свој стил, напиша нов статус на Фејсбук кој ги стави сите во дилема, барем многумина.

-QUOD SCRIPSI, SCRIPSI. -, напиша Апасиев и за краток момент доби голем број на „допаѓања“ и коментари, но и прашалници во главите на многумина, што значи тоа?

„Она што го напишав, го напишав“ е преводот од латинската реченица „Quod scripsi, scripsi“. Апасиев со ова алудира веројатно на фактот дека Обвинителството поднесе тужба против него за Фејсбук статус. Но, новиот статус на Апасиев може да се толкува и како најава дека она што го каже, е кажано и ќе стои зад него – до крај.

Коментари

коментари