4 причини зошто луѓето кои се во среќни врски – изневеруваат

Многумина веруваат дека луѓето кои изневеруваат имаат ментален проблем или облик на емотивна незрелост која ги тера да изневеруваат.

И, факт е дека тоа некогаш е точно. Меѓутоа, понекогаш личноста која изневерува има пореметување со врските или нерешена траума од детството и го користи изневерувањето за да ја намали болката во сопствените чувства.

Во некои врски, недостига интимност, емотивна близина, така што личноста која изневерува бара личност која барем за една ноќ ќе ја пополни таа празнина.

Меѓутоа, некогаш личноста која го изневерува својот партнер, иако го сака, продолжува да го прави тоа. Затоа, во продолжение ви пренесуваме неколку причини зошто и луѓето кои се среќни во брак, изневеруваат – ризикувајќи да загубат се.

  1. Тие се истражуваат самите себе

Барање на ново чувство е една од најмоќните причини за изневерување. Некои луѓе кои изневеруваат сакаат да истражуваат скриени делови во себе. Сакаат да го истражат светот, повторно се чувствуваат младо и безгрижно.

  1. Веруваат дека забранетото овошје е послатко

Понекогаш луѓето кои се среќни откриваат дека се чувствуваат како тинејџери, па поради тоа се кријат и изневеруваат. Тие сакаат да прекршуваат правила и чувствуваат дека туѓото повеќе возбудува.

  1. Жалат поради изгубените прилики и сакаат некое време да живеат во туѓ живот

Понекогаш луѓето кои изневеруваат сонуваат за пропуштените шанси. Се чувствуваат како да не можат во целост да уживаат во животот, па се одлучуваат за забранет секс за да сфатат како би им било да изберат друг начин.

  1. Сакаат да истражат нови емоции

Луѓето кои изневеруваат кога се заљубени можат да почувствуваат недостаток на емоции. Затоа го користат изневерувањето да ги ослободат своите скриени емоции и да го истражат овој свет.

Без обзир на причините, тешко е да се спасите од изневерувањето на партнерот. И без обзир на се, нема оправдување за изневерувањето.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!