среда, 1 декември, 2021

ПУ ЈАЗК У сред корона ги наполнија кафичите за избори, а нам ни ги затворивте границите да не можеме да мрднеме нигде

Кое лицемерие. Кафулињата полни, музика до даска, удри бригу на весеље. Шта се то дешава пријатели? Има ли пилот во авионот? Човек гледа, слуша и просто се чуди. Како не ви е срам? Сред пандемија, у сред корона за која секој ден не пумпате со 3000 информации у текот на денот, вие дозволувате маскенбал и концерти по одредени (не сите) кафичи. Ниту растојание, ниту маски, ниту инспекција, ниту полиција реагира. Тоа е почитувани мои жалната наша Македонија. Онаа у која корона-мерките треба да се спроведуваат но не и за време на избори. Тогаш короната магично исчезнува. Ја снемува. Тогаш се е дозволено. Од Аца Лукас до Цеца и Дуа Липа. Тогаш е дозволено журкање не до 1, до 11 часот наутро.. и никому ништо.

Па погледнете ги само вашите соседи, роднини и пријатели. Све е тоа банда без команда, вклучително и ние самите. Но не сме ние криви иако дел од вината е и наша. Виновни се оние кои 3 месеци не затвораа по дома, за да на крај мирно премолчат двенеделно лумпување дури бројот на заболени рапидно расте. Никаква контрола, никакво чувство за одговорност. Тоа е жалната наша Македонија. Онаа во која не можеш да поминеш граница, онаа од која немаш ниту влез, ниту излез, онаа во која си затворен исто како што велат дека Мицко е затворен во стаклено ѕвоно. Е у таква Македонија ние живееме. Распаречна, ограбена, жигосана до крај за мала група на луѓе да си го стокми своето газе на државно столче, за да може да цица, бидејќи нели нема поубаво цице од она државното. И дури ние збориме за мерки и почитување на истите, тие се кршат на секој чекор. Од Чаир и Гази Баба па се до истокот. Конфекциите, оние мизерни работно платени места во кои работат нашите жени и мајки работат под полна пареа. Таму за нив корона не постои. Шта се мора, кад се мора. Нели, мора да се живее од нешто. Од друга страна, младите се без усул. Дел од нив ниту верувале, ниту веруваат, ниту ќе веруваат во било каков вирус. Бидејќи тие и не знаат што значи тоа.

Дискотеки преполни, фалби за многу јаки журки бидејќи нели тоа е центарот на светот, а македончето како најстаро и најпаметно никој ниту може да го излаже, ниту некој може да го изманипулира. Ете у таков секојдневен животен ритам живееме ние драги мои. Сардисани од сите страни. И финансиски и ментално. Овде е потребен ремонт. Ремонт на менталитетот на граѓаните, а со тоа и целосен ремонт на оние кои одлучуваат во наше име и се подјебаваат со нашиот разум, мудрост, глас и живот.

Ако веќе работат овие дискотекиве и кафулињата, чуму проблем е тогаш короната? Дали таа магично исчезна или пак можеби МВР и другите инспекции магично го изгубија својот вид и слух? Срамота е, срамота е луѓе!!!

Автор: Бобан С.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!