среда, 1 декември, 2021

Таа сакаше да остане, но ти ја оттурна од себе

И беше се. Те сакаше безусловно и се бореше за тебе со секој дел од себе. Имаше очи само за тебе и ти даде се што имаше.

Се обиде да ги исполни сите твои очекувања и да биде девојката која ја сакаше.

Знаеше дека не е совршена, но настојуваше да биде совршена за тебе. Сакаше од тебе да слушне дека е убава со сите свои несовршености и недостатоци.

Но, највеќе од се сакаше да биде со тебе.

Ти беше тој кој и даваше сјај на нејзините очи. Тој поради чиј допир нејзиното тело се тресеше.

Оној поради кој нејзиното срце заигрува кога ќе ја погледнеше.

Оној што имаше клуч од нејзиното срце.

Сакаше да те направи среќен.

Сакаше да биде причина за твојата насмевка и моментална среќа.

Сакаше да те држи за рака и кога се чувствуваш лошо и кога си добро.

Сакаше да биде твоја утеха, твој најголем фан, инспирација, надеж.

Ги стави своите приоритети на страна за да може да се грижи за тебе.

Посакуваше се најдобро за тебе.

Те сакаше со целото срце. Таа својата душа, ум и тело ги потчини само на тебе.

А што и направи ти?

Ти го зема тоа здраво за готово.

Никогаш не и ги возврати чувствата.

И го зема срцето, го фрли и јаостави сама да го собере на парчиња.

Ги знаеше сите твои недостатоци, но ги прифати и ги ценеше.

Те прифати таков каков што си, со своите грешки, двоумења, стравови и проблеми.

Никогаш не се обиде да те промени затоа што и беше совршен таков каков што си.

Заслужи мразење, но таа не можеше да те мрази.

Ја лажеше, направи да се чувствува недостојно и ги повреди нејзините чувства многу пати.

Никогаш не ја праша како се чувствува или каков ден имала. Секогаш стануваше збор за тебе. Само за тебе.

Се додека твоите потреби се задоволуваа, ништо друго не беше важно. Треба да те мрази бидејќи си себичен и нефер.

Беше себиежчен затоа што ја задржуваше во животот за да може да ти помогне да престанеш да бидеш незадоволен од самиот себе и својот живот.

Ја држеше покрај себе затоа што му годеше на твоето его.

Затоа што знаеше дека е подобра од тебе.

И покрај се, сакаше да остане, но ти ја оттурна од себе.

Сакаше вашата врска да функционира. Се надеваше како нејзината љубов кон тебе ќе го промени начинот на кој ти постапуваш со неа.

Мислеше дека нејзината љубов кон тебе ќе го омекне твоето ладно срце.

Но, тоа никогаш не се случи. Се тоа беа само желби. Затоа што во тебе нема љубов.

Ти ја сфати здраво за готово. Веруваше дека таа никогаш нема да те напушти, без разлика на се што и имаше направено и кажано.

Веруваше дека без обѕир колку пати ја лажеше, дека таа ќе ти даде уште една шанса. И тоа и го правеше. Ти даде премногу шанси, иако не ги заслужи.

Ги прифаќаше твоите безбројни извинувања и празни ветувања. Но, не! Не го стори тоа затоа што беше наивна или заслепена од љубов кон тебе. Го стори тоа затоа што те сакаше во нејзиниот живот. Сакаше да биде дел од тој живот. Сакаше твоите очи да бидат првото нешто што ќе го гледа кога ќе се разбуди.

Меѓутоа, давајќи ти толку многу шанси, само те охрабри, а ти веруваше дека секогаш ќе простува.

Зеде дел од неа, дел кој никогаш нема да може да го врати.

Нејзиното трпение сепак има граници. Сфати дека никогаш не си ја сакал затоа што не ја уништуваш личноста која ја сакаш.

Зато што кога навистина сакаш некој, не му го кршиш срцето и потоа му велиш дека го сакаш. Не ја уништуваш неговата надеж и потоа кажуваш да биде силна и да ти верува.

Таа сфати дека нема корист од борба за некој кој се откажал од неа

Таа сфати дека нема смисол да се бори за некој кој толку лесно ја оттурнал.

Таа сфати дека понекогаш треба да пуштиш некој да оди за да може да се врати на вистинската патека и повторно да се открие самиот себе.

Но, не замина затоа што беше слаба, себична и чудна. Таа замина затоа што не можеше да го поднесе начинот на кој постапуваше со неа. Затоа што не можеше да го поднесе фактот да биде твоја втора опција, твоја омилена забава. Затоа што беше изморена од твоите манипулации и груби игри.

Замина затоа што предолго беше силна и отпорна. Затоа што беше уморна од се што ти даде, не добивајќи ништо за возврат.

Затоа што веќе не можеше да се смее додека душата и плачеше.

Затоа што беше исцрпена обидувајќи се да те усреќи. Беше уморна обидувајќи се да ти ги отвори очите да видиш колку те сака и почитува.

Замина затоа што не и даде никаква причина да остане.

И знаеш што?

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека требало да ја слушаш и да бидеш таму за неа.

Ќе станеш свесен дека сите оние денови си ја расплакувал и кршел нејзината надеж, ќе ти биде жал за тоа.

И еден ден, кога друг човек ќе го заземе твоето место во нејзиното срце, ќе жалиш што си дозволил да загубиш таква исклучителна личност.

Жена која има уникатно срце и која сака на начин на кој ниту еден збор не може да го опише тоа. Ќе жалиш што не и даде љубов и почит која ја заслужува. Ќе жалиш што не ја ценеше доволно додека беше со тебе.

Само неколку мажи имаат доволно среќа да ги сака таква жена и можеше да бидеш еден од нив, но не ти беше грижа. Ја оттурна. И никогаш повеќе нема да биде твоја.

Авторот на веста е добро познат на редакцијата на Читај. Строго е забрането копирање на содржината во целост или на делови, без претходно писмено одобрение од нашата редакција.

/ ФОТО – Илустрација.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!