Стартот на АБА поместен за две недели

Водечките луѓе на АБА лигата во договор со учесниците во регионалното натпреварување донесоа одлука стартот да се помести за две недели.

Новата сезона според претходниот план требаше да почне на 19 септември, но поради лошата епидемиолошка ситуација на Балканот стартот е помесетен за трети и четврти октомври.

Пандемијата беше причина за прекин на шампионатот во март годинава и поради тоа лигата се прошири и наместо 12 во регионалното натпреварување ќе партиципираат 14 екипи.

Македонија се уште е во исчекување дали во новото првенство ќе има место за МЗТ Скопје или тимот од Аеродром и во следната сезона ќе биде дел од втората лига каде ќе се натпреварува заедно со Работнички.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!