четврток, 13 август, 2020

Кирацовски долго молчеше – Сега му врати на Героски: Јако истражувачко новинарство

Александар Кирацовски, поранешниот генерален секретар на СДСМ, ги дочека своите „пет минути“, па му врати на новинарот Бранко Героски, кој во минатото преку своите текстови на порталот „Плус инфо“ го претставуваше како еден од главните ликови во операцијата „Рекет“ со Боки 13.

Кирацовски сега му посвети статус на новинарот Героски, кој ви го пренесуваме во целост:

Обично не коментирам ординарни глупости, но очиглесно дека понекогаш и мора. 😌

Вие, г-не Геровски не ме “амнестиравте” туку сфативте дека не ви држат, дури ни паушалните наводи, во врска со мене, што е огромен пропуст во вашето новинарско искуство доколку и воопшто се занимавате со професионално новинарство…

Но, она што гледам е дека јавноста не ве амнестира Вас, за сите измислици кои ги изнесовте во вашите текстови, за кои потоа моравте да ретерирате и да се повлекувате.

Сетете се само што се изнапишавте на вашиот портал пред само година дена…ни сам повеќе не верувате во тоа.
Од сите паушални измислици кои ги изнесовте тогаш, денес нападот ви се сведе на аргумент за закажана официјална и транспарентна средба на која сум бил присутен и на која впрочем и ништо не се случило, а за која лично ги известив надлежните инстанци во овој случај…?

Јако истражувачко новинарство!! :))

Постапката за среќа брзо тече и јавно ќе ве демантира за многу работи, но и ќе ја расчисти дилемата за вашите намери да се впуштите во авантурата која ве симна во очите на читателите.

На лажните вести, конечно им доаѓа крајот!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!