Да ви кажам зошто ПРВА ќе застанам во редот за вакцина, дури и три пати ако е потребно

Здраво на сите, се надевам дека овој текст ќе го прочитаат барем луѓето кои се уште имаат нерви во ова време-невреме во врска со корона вирусот.

Сега веројатно очекувате текст во кој ќе викам и ќе кажам дека сите кои не веруваат во вакцините се луѓе теоретичари на завери и сега јас ќе им ги отворам очите и ќе им објаснам дека се во заблуда. Но, овој текст нема да биде таков.

Крајно време е да прекинеме да се вреѓаме меѓу себе, да урламе едни на други, секој со своја омилена реченица поврзана со пандемијата. Ние сме ист народ, живееме во ист пекол од независност и балканско буре полно со барут кое во секој момент може да експлодира. Сите сме на ивица да пукнеме, затоа да не додаваме масло на оганот.

Не мислам дека лицата кои се скептични во врска со вакцината се луди. Мислам дека им е смачено од се. Од времето во кое живееме и како сега одеднаш да примам вакцина за која не знам од каде доаѓа, што содржи и како може да реагира телото на неа. Затоа, од вас не барам да ми верувате, не ја барам вашата доверба, го барам само вашето внимание, само неколку минути.

На кој му одговара да примите вакцина?

Вакцините се производ. Секако, некој за нив ќе оствари профит. Исто како и за лековите за срце, бели дробови, притисок, инсулин за дијабетичари, анестезија, лекови за главоболка и така натаму. Постои лоша реакција на тие лекови, секако. Но, тоа не значи дека нема да ги користиме тие лекови, затоа што сепак се потребни. Дали е можно да не „чипуваат“ преку вакцината? Во ред, не е целосно невозможно, но за да се случи тоа потребен е микро, микро, микро чип толку мал, за да може да биде дел од течноста на вакцината. И зошто? Сите податоци за нас веќе ги има во чиповите на мобилните телефони. Што сакаме, што пребаруваме, на што најмногу време посветуваме и така натаму.

Јас ќе примам вакцина веднаш штом ќе можам, исто како што ги примив и сите други вакцини. Исто како и сите вие. Цел живот примаме вакцини, на никој не му израсна некој нов орган. Зошто во последните години има голем отпор кон вакцините? И ајде да поставиме едно логично прашање – на кој тоа му одговара?

На кој му одговара да не примите вакцина?

Погледнете ги добро блоговите и видео снимките кои зборуваат за вакцините, чипувањето и плановите за владеење или поделби на светот. Не се нови. Тоа се истите или слични снимки со кои во 2012. година се зборуваше дека доаѓа крајот на светот, дека астероид ќе ја погоди земјата и дека ХААРП ќе не убие сите. Па ете не, преживеаме уште еден наводен крај на светот. Среќни сме. Идејата на луѓето кои не сакаат вакцини е дека тие можат да предизвикаат болести, не се доволно испитани, некој нас сака да не контролира и така натаму. Звучи страшно. И тоа е поентата. Погледнете од каде тие вести доаѓаат – видеа на јутјуб. Страници на Фејсбук. Чудни блогови без потпис од автор и слично. За такви објави и информации е потребна организација. И пари. На кој му одговара да дава пари?

Луѓето кои низ тие текстови на кои кликнувате заработуваат неспоредливо повеќе и од најголемите медиуми. Сетете се, тие не плаќаат даноци кон државата. Тие негде седат и истиот текст кој го читате во Македонија, веќе го има во Чиле, Естонија, Перу и така натаму.

Луѓе кои продаваат алтернативни лечења и заработуваат на туѓа мака по принцип „убеди го дека вакцината не работи и продади му 21 чај од ретка билка која лекува корона. Само, искини ја налепницата дека лекува тумор на мозокот затоа што за тоа не открија“.

Луѓето кои стекнуваат слава тврдејќи дека знаат повеќе од сите останати и дека со вакцината сакаат да се уништи човечкиот род.

На фармацевтите не им се исплаќа никој да убијат. Да се убијат луѓе од кои можеш да заработиш милиони е многу лош бизнис модел. Да се убедат луѓето дека докторите, сестрите во секоја ординација сакаат да ве лажат, знаејќи дека тоа се нивни роднини, блиски соседи и така натаму, а само ти ја знаеш вистината е маркетинг на деценијата.

И го користат тоа што луѓето се збунети и ранети. Го користат тоа што науката вели „јас ова не го знам“ затоа што многу поубедливо звучи кога некој на крајот од улицата ќе каже „е, јас знам точно како треба. Ова е лесно решение, верувајте ми“, е полесно да се прифати, отколку да се чекаат грешки додека се најде вистинскиот лек. Затоа вакцините и се уште се чекаат. Затоа на нив и понатаму се работи макотрпно. Затоа е прашање кога ќе бидат готови и тие и тестирањата. Здравствните работници не се глупи и за себе и своите најблиски да ги користат вакцините.

За короната сите зборуваме, без прекин. За детска парализа, заушки, туберкулоза и многу други болести не зборуваме – затоа што вакцините речиси ги искоренија.

Не верувајте на никого, ниту збор. Не ми верувајте ниту на мене. За пофалба е што бараме податоци со цел да се заштитиме и да ги заштитиме оние кои ги сакаме, затоа што опасно е кога некој сака да го искористи тоа за свој интерес. Нашиот народ не е ниту глуп, ниту луд. Нашиот народ преживеал многу работи, на кои многу други народи можат да завидуваат.

Вакцините го штитат светот од 1796. година, тогаш им се дадени на луѓето кога биле сигурни дека функционираат. Зборуваме за осумнаесети век. Денес зборуваме за луѓе кои гарантираат со целокупниот живот и професионални кариери дека знаат што работат, јавно и транспарентно како никогаш досега. Зборуваме за цел свет, не само за Македонија, која колку и да сака, веројатно ќе мора да почека најпрво богатите земји да ги вакцинираат своите граѓани.

Ако мислите дека во игра се разни интереси, чувството не ве лаже. Само размислете добро – на кого му е во интерес вие воопшто да не стоите во редот за вакцина?

Коментари

коментари

error: Content is protected !!