Предупредување за цунами – силен земјотрес со јачина од 7.8 степени ја погоди туристичката атракција Алјаска

Како што пренесуваат медиумите во САД, силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Алјаска, едно од најубавите туристички локации во државата

Според првичните информации, земјотресот е регистриран со длабочина од 13 километри. Не е исклучена можноста да има и нов земјотрес.

Државните власти веќе издале предупредување и за можно цунами во јужна Алјаска и полуостровот Алјаска, од влезот на Кенеди до преминот Унимак.

До овој момент според медиумите во САД нема пријавено жртви или повредени од земјотресот. Во текот на денот се очекуваат повеќе информации.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!